Мекиците на мајка ми (со кисело млеко и јајца)
Состојки
- 3 јајца
- 1 канче кисело млеко (450гр)
- шеќер мериме со истото канче (450гр)
- 1 пециво
Подготовка
Киселото млеко и шеќерот ги промешуваме заедно додека малку се растопи шеќерот. Во друг сад ставаме малку брашно, пецивото и јајцата промешуваме малку. Потоа ја додаваме смесата од кисело млеко и шеќер.
Месиме тесто на меко (не премногу меко, ни премногу тврдо значи средно) и брашно си додаваме по потреба.
Од целото тесто расукуваме кора со дебелина од 1цм и формираме ромбоиди (како за баклава). Секој ромбоид го засекуваме малку во средината и пред пржење секоја средина малку ја рашируваме.
Забелешка
Додека ги приготвувате мекиците на оган ставете поголемо количество на зејтин убаво да се загрее. Мекиците се готови кога ке добијат златна боја.
На здравје!