Испечати

Баклава со суви кајсии

Баклава со суви кајсии

Состојки

  • 500гр кори за баклава
  • 200гр суви кајсии
  • 200гр мелени
  • 2 лажици презла +100гр бела чоколада за готвење
  • 10 лажици шеќер
  • 150гр сецкани ореви
  • 150мл зејтин за прскање на корите
  • шербет
  • 600гр шеќер
  • 400мл вода
  • 2кесички ванилин шеќер
  • прелив
  • 200гр маргарин

Подготовка

Кајсиите се потопуваат во врела вода и се оставаат така да одстојат 15 минути.
Мелените ореви се мешаат со шеќерот, презлата и 100гр бела чоколада за готвење (крупно рендана).
Се зема една кора, се попрскува со зејтин и се поросува со сувата смеса. Се реди втора кора, се попрскува со сувата смеса и на почетокот се редат сецкани ореви и сувите кајсии. Се завиткува ролна и се реди во подмачкан плех. Се виткаат на истиот начин сите кори (околу 7 ролатчиња) и одкако ќе се наредат во плех, баклавата се сече и се прелева со растопениот, загреан маргарин.
Се пече на 200степени околу 30 минути и се остава во исклучена рерна уште 10 минути.

Шербет
Се вари шербет од шеќерот и водата, врие околу 8 минути и се додава ванилата.
Шербетот треба да е млак и се истура врз топлата баклава, па плехот се враќа во отворената млака рерна уште 10 минути.
За шербетот може да се искористи и компот од кајсии со што би се истакнал повеќе нивниот вкус.