Испечати

Брзи пржени пецива

Брзи пржени пецива

Состојки

  • 500гр брашно
  • 200гр јогурт или кисело млеко
  • 180гр павлака
  • 2 јајца
  • 250гр сирење
  • 150гр сецкана салама
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка ким

Подготовка

Јајцата се матат (со вилушка) со јогуртот и павлаката. Сирењето се ренда на покрупно, саламата ситно се сецка.
Во подлабок сад се замесува тесто од сите состојки и се остава 10 минути да одмори. Се сука кора и се сечат лентички околу 5смм должина и 2,5 см ширина. Кората треба да е со дебелина од еден прст или околу 12мм.
Пирошките се пржат на загреан зејтин.
Одличен, брз, вкусен појадок кој не бара ниту многу време, ниту многу труд, а дозволува измени во составот во зависност од тоа што ви се наога во фрижидер.
Овие пецива одлично одат и со пиво.