Вишнов колач со едно јајце
Состојки
- 1 јајце
- 1 чаша (200мл) шеќер
- 1 чаша млеко
- 1 чаша зејтин
- 2 чаши брашно
- 1 кеса пудинг од ванила
- 1 кесичка пециво
- за потребата вишни искостени
Подготовка
Многу е едноставен, покрај тоа што го правам со свежи вишни, во зимниот период ги користам вишнигте кои остануваат кога го спремам сокот од вишни, за кој има овде рецепт. Затоа и го сакам тој сок, вишните се прекрасни за понатамошна употреба.
Постапка
- Брашното, пецивото и пудингот измешајте ги
- Сматете го јајцето со шеќерот, додадете ги постепено млекото и зејтинот, продолжете да матите.
- Додадете го брашното со пудингот и пецивото. Измешајте.
- Истурете ја добиената смеса во модлата бр.26 или 28, наредете ги вишните.
- Печете во предходно загреана рерна на 180 -200 степени.
- Оладен колачот ако сакате посипете со шеќер во прав или пак при самото послужување.