Испечати

Кремаст чоколаден колач

Кремаст чоколаден колач

Состојки

  • Подлога
  • 400 гр. мелени бисквити + 250 гр. путер или маргарин
  • 5 лажици млеко + 1 мала лажичка рум
  • Желе од портокал
  • 500 мл. сок од портокал
  • 6 лажици шеќер + 1 пудинг од ванила
  • Чоколаден крем
  • 100 гр. шеќер
  • 250 мл. слатка павлака
  • 100 гр. чоколада за готвење
  • 3 белки и прстофат сол

Подготовка

Стопете го маргаринот и додадете го во садот со мелените бисквити, додадете го румот и мелкото измешајте грубо со дрвена лажица. Смесата малку пропржете ја на оган околу 5 мин. со постојано мешање. Намастете плех со димензии 35х25 см. и истурете ја основата, убаво израмнете и оставете ја во фрижидер.

Ставете 350 мл. од сокот да се загрее останатиот дел растворете го го пудингот и шеќерот. Кога сокот ќе почне да зоврива сипете ја растворената смеса и постојано мешајте кога ќе се згусти истурете го топло желе над основата и убаво израмнете. Оставете во фрижидер да се стегне.

Белките изматете ги во цврст снег со шеќерот.
Чоколадата стопете ја на пареа.
Во чоколадата додајте половина од белките и мешајте на една страна внимателно. Потоа додадете ја и другата полвина. Убаво соеднете. Потоа доддадете ја цврсто изматената слатка павлака. (кај мене не е многу цврсто изматена и е малку полабава кремата, ама нема врска).

Убаво соединете, потоа кремата ставете ја и израмнете ја над желето. Оставете во фрижидер преку ноќ да се олади и стегне. Потоа извадете и сечете по желба.