Испечати

Ролат од обланда

Ролат од обланда

Состојки

  • 500гр шеќер
  • 250гр вода
  • 1 маргарин
  • 300гр мелени бисквити
  • 200гр кокос
  • 100гр чоколадо за готвење

Подготовка

Рецептов е стар сигурно 10-15 години и до ден денес е присутен на нашата трпеза.

Во танџере на оган ставаме шеќер, вода, маргарин и оставаме да се вари 15-20мин. Се вади од оган и додаваме мелените бисквити и кокосот мешаме смесата да се изедначи.
Обландата ја покриваме со влажна крпа да омекне малку, па премачкуваме од смесата и рендаме чоколадо. Ја виткаме обландата како ролат и оставаме да отстои. Одозгора се премачкува со чоколадо, а може и без чоколадо.