Солени американски палачинки
Состојки
- Прва смеса
- 1 шоља брашно
- 1/2 шоља млеко ( 100 мл)
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- по прстофат шеќер и сол + 3 жолчки
- Втора смеса
- прстофат сол + 3 белки
- Дополнителни состојки
- 200 гр мелено месо
- 100 гр грашок од конзерва
- 100 гр пченка од конзерва
Подготовка
Палачинки...солени...благи ...со сите можни комбинации на состојки, се омилени во нашето семејство, па решив оваа солена варијанта да ја споделам со вас.
Подготовка
Ги матиме жолчките со малку шеќер па ги додаме останатите состојки и накрај брашното. Белките ги матиме со прстофат сол.
Двете смеси ги мешаме внимателно со лажица, при што тестото треба да добие воздушеста структура.
Тавчето (кое не лепи, а го намаслувам само за првата палачинка) го загреваме, ама температурата да не биде многу висока. Со лажица ставаме од тестото и формираме круг во тавчето со дијаметар околу 12 см и на нив ставаме од меленото месо, кое лесно пропаѓа во палачинката. Ја превртуваме.
На следната ставаме грашок, на таа по неа пченка, а јас правев и комбинации со двете, како и со трите состојки од мастрафот. Излегуваат околу 10 палачинки.