Испечати

Чоколадирани суви сливи во вино

Чоколадирани суви сливи во вино

Состојки

  • 10 суви сливи без семка
  • 60мл. црвено вино
  • 200гр. марципан
  • 50гр. шеќер во прав
  • 150гр. чоколадо за готвење
  • 1 лажичка зејтин

Подготовка

Сувите сливи пресечете ги на половина во должина. Во едно мало тенџере ставете го виното да зоврие и потоа додадете ги сливите. Оставете така на тивко да се крчкаат 3 минути. Тргнете од оган и оставете ги 1 час во течноста убаво да се оладат. Ќе приметите дека сливите го впиле цело или скоро цело вино.
Во еден длабок сад ставете ја марципан смесата и шеќерот, па измесете. Месете додека цел шеќер се спои со марципанот. Поделете ја сега смесата на 20 дела. На работната површина просејте малку шеќер во прав па на него од секој дел од марципанот развлечете правоаголници со димензии од 5см*6см (отприлика). Ставете по една половина слива, превиткајте ги страните од лево и десно и замотајте ги во ролатче.
Чоколадото заедно со зејтинот стопете ги на пареа. Секое парче од сливите потопете го во чоколадата па ставете на хартија за печење убаво да се стегне. На крај украсете ги одозгора по желба.