Роденденски тортички
Состојки
- 250 гр маргарин
- 2 чаши (200мл) шеќер
- 4 јајца
- 1 чаша млеко
- 3 чаши брашно
- 1 лажичка пециво
- 1 лажичка екстракт од ванила
- фил
- 500 мл млеко
- 200 гр лешник карамели
- 2 пудинга- ванила
- 200 гр маргарин
- 5 лажици шеќер
Подготовка
Мислејки се која торта да ја правам за роденденот, ми дојде идеја да направам мали тортици, за секого по една, а може и две.
Најпрвин се матат маргаринот и шеќерот пенесто, па се додаваат јајцата едно по друго, млекото, екстрактот од ванила и брашното помешано со пецивото. Се мати со мала брзина да се добие убава мазна смеса.
Се полнат калапите за мафини, на мене ми излегоа 30.се печат на 180 степени околу 20 минути и уште 5-10 минути се оставаат во исклучена рерна.
За филот на оган се става млекото со шеќерот и се додаваат карамелите. Се меша на умерен оган. Откога ќе се стопат карамелите се додава пудингот разматен со малку млеко и се вари крем. На изладениот крем се додава изматениот маргарин.
Врз тортичките со филот со помош на шприц се прават декорации.