Испечати

Крем супа од печурки со мелено месо

Крем супа од печурки со мелено месо

Состојки

  • 250гр. свежи шампињони
  • 250гр. мелено месо (мешано)
  • 3 помали компири
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 говедска коцка за супа
  • 1 лажица брашно
  • 600мл. вода
  • 50мл. бело вино
  • 200гр. кисела павлака
  • по вкус сол, бибер и мешан зачин
  • дополнително мајчина душичка, мајоран, ловоров лист и сув магодонос

Подготовка

Рецептов во оригинал верзија е без месо, но и вака во комбинација излезе повеќе од добро. Веќе имам рецепт со месни топчиња, па за да не се повторувам еве на малку поинаков начин. Во ладниве денови супата е добредојдена. Може со топчиња, може и со телешко, подеднакво добри комбинации.

1. Во сад на оган ставете го ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога ќе добие боја и омекне додадете го и протиснатото лукче. Потоа додадете ги компирите исецкани на коцки и оставете малку да се пропржат (2-3 мин.). Додадете ги и печурките исечени на листови, промешајте и пржете додека малку не омекнат. Зачинете и додадете го брашното. Коцката за супа растворете ја во 600мл. вода па додадете ја во тенџерето. Нека зоврие, намалете, покријте со капак и нека се вари 25-30мин.
2. Извадете повеќе од пола од компирите, испасирајте и вратете назад. Додадете го и виното и повторно покријте со капак. Во тава на оган со малку зејтин ставете го месото да се пржи. Со лажица проситнете го да нема големи парченца и зачинете по вкус. Кога ќе биде убаво испржено додадете го во тенџерето.
3. Во тавата ставете ја павлаката и малку од супата и промешајте за да се разбие павлаката. Додадете ја во супата, измешајте убаво, додадете го и магдоносот и оставете нека се вари уште кратко па исклучете.
Послужете топло.

Добар апетит =)