Испечати

Посна црногорска штрудла (со масло)

Посна црногорска штрудла (со масло)

Состојки

  • Сува смеса
  • 1 шоља брашно
  • 1 шоља гриз
  • 1 шоља шеќер
  • 1 пециво
  • Фил
  • 1,5 кг јаболка ајдарет
  • 1 ванила
  • 1 лажичка цимет
  • по потреба шеќер (зависи колку ви се кисели јаболката)
  • уште ви треба
  • 100 г лешник (сецкан)
  • 170 мл масло

Подготовка

Не дека навистина ја прават во Црна Гора, туку јас така ја крстив бидејки е едноставна и без многу маткање во кујна (со други зборви ако ве мрзи или немате многу време, а сепак сакате да направите изврсно вкусно благичко за вашите најмили).
Состојките за сувата смеса заедно убаво ги мешате.
Јаболката ги лупите и рендате, додавате ванилата, шеќерот и циметот.
Лешниците ги сецкате.
Тава бр 30 ја премачкувате со малку масло и ставате слој од сувата смеса, врз сувата смеса ги ставате ренданите јаболка и после наросувате со сецкани лешници, повторно нанесувате слој сува смеса, јаболка и лешник и завршувате со сува смеса. Врз колачот го потурате маслото. Вака колачот го оставате да одстои 1 час, (за јаболката да го пуштат сокот). Печете во загреана рерна на 200 Ц, додека убаво не поцрвени горниот слој.
Одозгора попрскувате со шеќер во прав,

Можете во филот да ставите и суво грозје, и така е убаво или лечникот да го замените со орев.
Добар апетит