Испечати

Донер на мој начин

Донер на мој начин

Состојки

  • За лепчето
  • 300 гр брашно
  • 150 гр вода млака
  • 1/4 квасец
  • 1/2 лажиче сол
  • За зеленчуковиот фил
  • 1 марула
  • 1 краставица помала
  • 2 патлиџани
  • 1 главица кромид
  • 2 големи парчиња морков
  • 1 мала главица цвекло
  • Плескавица
  • 250 гр мелено свинско месо
  • 1 чешне лук
  • 1 главица кромид ситно сецкан
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 1 лажиче Мешавина од градинарска чубрика,коријандер(кинески магдонос )црвен пипер и мелен ким
  • 2 јајца

Подготовка

Да го подготвам овој рецепт инспирација ми бевте вие драги мои домаќини Мои Рецепти.
Затоа решив да експериментирам денес и навистина вложениот труд не беше залудно. Пред да ви го презентирам денешниот рецепт, да ви кажам дека подготвеново треба да се изеде веднаш зашто корите ќе се стврднат и потоа не е вкусно.

Подготовка
Во садот со меленото месо додаваме зачини додаваме брашно, ситно сецканите лук и кромид. На крај додаваме и јајца. Промешуваме, па зачинуваме и со црн бибер, попрскуваме малку пециво, па ја додаваме лажицата ајвар.
Замесуваме тесто од смесата и оставаме да постои во ладилник околу 30 минути.
Додека е смесата во ладилникот, ние ги сечкаме зеленчуците на парченца. Краставицата и патлиџанот на кругови, а морковот и цвеклото ги рендаме на јадрата страна од рендето. Марулата ја миеме и ќе искористиме само онолку листови колку што ќе правиме донери. Потоа ја вадиме смесата од ладилник и ги оформуваме плескавиците. Ги редиме на скарата (јас ја употребив Делимано Фестиво електричната тава).
Откако се готови плескавиците ја исклучуваме тавата и ги оставаме да постојат во неа.

Го замесуваме тестото и развлекуваме корички. Ги печеме во тавчето за палачинки. Ги превртуваме од двете страни да се испечат убаво.
Откако се испечени лепчињата веднаш ги филуваме. Врз секое лепче ставаме по еден лист марула. Го преклопуваме лепчето и на едната половина додаваме рендан морков, па рендано цвекло. Потоа ја ставаме плескавицата, а врз неа редиме кромид на тркалца, па патлиџанот и краставицата. Го затвараме Донерот со горната страна на лепчето.

Многу е вкусно.
Напомена
Коричките оставете ги подебелки, не ги сукајте многу тенки.
Тоа беше мојот прв обид за донер, но не згрешив. Пробајте и кажете.