Печени полнети тиквички со мелено месо
Состојки
- 2 тиквички
- 500 гр месо мелено
- 2-3 моркови
- 1 главица кромид
- 200 гр рендан кашкавал
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажица домашен мешан зачин
Подготовка
Најпрво ги лупиме тиквичките, им го вадиме семето со лажица и ги ставаме во намрсена тава. Го пржиме на масло, малку кромидот, па ги додаваме сецканите моркови, а по некое време и меленото месо, го додаваме мешаниот зачин, кој сама си го правам дома ( тоа е мешавина од сушено нане, босилек и магдонос) и пржиме додека не биде готово. Потоа ги полниме тиквичките, од горе ставаме рендан кашкавал и печеме во загреана рерна околу 30-40 мин .