Испечати

Меснати округлици во тесто

Меснати округлици во тесто

Состојки

  • Зза тесто
  • 3 јајца
  • 150 гр. брашно
  • 250 гр. кисела павлака
  • 1 чаена лажичка пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • За округлиците
  • 400 гр. мешано мелено месо - телешко, свинско, пилешко
  • на вкус сол, бибер, мускатно оревче, сув зеленчук, кромид, лук, магдонос
  • 1 јајце
  • За посипување
  • 150 гр. кашкавал

Подготовка

Ние ги обожаваме вака сместени во тесто. Останува вие да пробате и да одлучите...
Подготовка
1. Измешајте го месото, додадете ги зачинките во количина по ваш сопствен вкус, додадете киселата павлака или 1 помало јајце и измешајте. Направете помали округлици, ставете за кратко во комората од фрижидерот додека да го спремите тестото.
2. Изматете ги јајцата со солта, додадете го јајцето, измешајте. Додадете го брашното во кое што сте го измешале пецивото, измешајте.
3. Вака спреманата смеса за тесто истурете ја во подмачкана со зејтин или пак послана со хартија за печење - модла, извадете ги округлиците и наредете ги една до друга.
4. Изрендајте го кашкавалот и посипте врз округлиците.
5. Печете во предходно загреана рерна на 180 степени се додека кашкавалот не се растопи и не се запече. Лесно ке забележите кога е печено. Кај мене рерната ова ќе го испече за 30 мин.
Забелешка
- Тестото е меко - да не ве збуни тоа.
- Меснатите округлици (фрикаделки ги викам јас) можете да ги правите и само од една врста на месо. Најчесто ги правам од мелено пилешко бидејки најлесно се испекува. .
- Окгуглиците можете да ги спремате онака како што најповеке ги сака вашето семејство.
- Наместо јајце во меленото месо, може да ставите и 2 лажици кисела павлака - исто така преубав вкус.