Погачици со компир и куркума
Состојки
- 500мл млеко
- 1 коцка квасец
- 1 филџанче(100-120мл) масло
- 1 лајче шеќер
- 2 лажички сол
- 1 цело јајце
- 4 средно големи варени компири
- 2/3 маргарин коцка
- 1кг. брашно (по потреба)
- 1/2 лажичка куркума
- 50гр. сусам,ким
- 1 цело јајце, малку млеко и малку масло
Подготовка
Се зафаќа квасецот со дел од млекото и шеќер, малку брашно, нека отстои да се активира.
Околу 150мл. од млекото се додава врело во варените компири кои се пасираат како за пире. Во активниот квасец се додаваат сите состојки (сусам и ким за најгоре), брашното постепено се додава месејќи, количината зависи од видот брашно треба да се добие средно меко тесто, кое се остава да се одмори 30 -тина минутки.
Се сука голема кора која се премачкува со 1/3 маргарин, се преклопува како плик,така се остава 15-20 мин. во фрижидер. Постапката се повторува откако се извади и со втората третина маргарин, начинот на преклопување е ист. По втор пат откако се извади од фрижидер се сука кора дебела 1см. со модлички се вадат формите со големина која ви одговара, нека надојдат во плех над хартија за печење, премачкани со матено јајце најгоре и сусам или ким поросени. Печењето како и кај повеќето теста на 200. Една новина која ја направив кај овај рецепт беше куркумата, бојата е впечатлива светложолтеникава, воодушевува.