Испечати

Тавче гравче со мелено месо

Тавче гравче со мелено месо

Состојки

  • 2 чаши (од 250мл.) грав (во зависност за колку лица спремате)
  • 2 средни главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • по желба 3-4 суви пиперки
  • За филот со месо
  • 400гр. мелено месо (мешано)
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • по вкус сол, бибер и мајчина душичка
  • Дополнително
  • 1 полна лажица црвен пипер
  • 2-3 ловорови листови
  • 2 лажици сув магдонос (или свеж)
  • по вкус сол, бибер, мешан зачин и мајчина душичка

Подготовка

Како телепатски да се прочитавме со МоиРецепти, само што го подготвив ручекот, сликнав, средив садови и вклучив да видам што има ново и ете нов натпревар на оваа тема.
Поради некои технички проблеми малку доцнам со рецептов, но тука сум.
Инаку го вратив татко ми некои си 30тина години назад во војска кога им давале гравче со плескавица ... само сега во една домашна верзија.

1. Гравчето ставете го да се вари со сецканиот кромид и лукчињата и по желба суви пиперки. Оставете го убаво да се свари. Потоа зачинете го по вкус, додадете ги ловоровите листови и запржете го со 1 лажица црвен пипер.
2. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид да пржи, па по кратко додадете го и протиснатото лукче. Кога убаво ќе се испржи доадете го месото и пржете додека не добие убава кафена боја. Додадете ги и зачините и промешајте па тргнете од оган.
3. Во земјена тава со лажица решетка ставете повеќе од половина од гравчето. Потоа распоредете го месото од горе и додадете го и останатиот дел од гравчето.
По некое правило гравчето треба да биде суво, нешто како мусака од гравче, но ние дома го сакаме кога е со малку повеќе течност па затоа и така го подготвив. Вие додадете од течноста во која се вареше гравчето во зависност колку густо сакате да биде.
Потоа ставете во рерна да се пече околу 20-30 мин.
Оставете да се излади па послужете.

Добар апетит =)