Испечати

Бели штангли

Бели штангли

Состојки

  • 7 цели јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно
  • 1 кесичка печиво
  • за фил
  • 250мл. млеко
  • 2 кесички ванила
  • 3 лажици густин
  • 1 лажица маргарин
  • 100гр. шлаг пена
  • 200гр. млеко
  • и уште
  • 7-8 лажици мармалад од шипки
  • 50гр. темно чоколадо

Подготовка

Мошне едноставен за подготовка.
Кората се подготвува по најстарите теркови, се бијат јајцата со шеќер, се става брашното помешано со печиво, се сипа во плех со стандардна големина над хартија за печење и се печи на 200. Се лади, па се дели на 4 еднакви ленти.

За филот се вари крем од густин и млеко, се става ванила, 1 лажица маргарин додека е топол, но не и жешко, се лади и се меша повремено. Настрана се бие шлаг пената за оваа количина шлаг потребни се 200мл. млеко за биење). Се мешаат заедно кремот и шлагот.

Секоја лента се премачкува со мармалад од шипки, над две кори се става од филот, па се преклопуваат одозгора со втората кора и тоа со мачканиот дел со мармалад надолу према филот. На крај добиваме две пасти, најгоре ги премачкуваме со преостанатиот фил и рендаме на крупно чоколадо. Се сечат штангли.