Испечати

Ролат од мелено месо на Тиролски начин

Ролат од мелено месо на Тиролски начин

Состојки

  • После мафините од мелено месо, еве и еден ролат за кој е потребно
  • 1кг. телешко мелено месо
  • 1 пакетче зачин за мелено месо
  • 1 главица со средна големина кромид
  • За полнежот на ролатот и за полевање
  • 3-4 кисели краставички
  • 200-300гр. ленти на чадена сланина
  • 200-300гр. ленти на кашкавал
  • 150мл. масло
  • 100мл. бело вино
  • 200мл. вода.
  • Пред самиот крај на печењето, потребно е уште
  • малку рендан кашкавал (или парчиња)
  • После печење се посипува со сецкан свеж магдонос.

Подготовка

1. Зачинот за мелено месо се спрема како што пишува на упатството.
Во двапати сомеленото месо се додава ситно сецканиот или ренданиот кромид, се додава смесата од зачинот, се вкусува за сол и се додаваат останатите зачини. Се убаво се меша, т.е. меси додека се добие убава компактна смеса за обликување.

2. На намрсена алуминиумска фолија се прави правоаголна кора со дебелина од 1цм, се премачкува со сенф ( 2-3 лажици, него го пропуштив во наведувањето на состојките). Врз цела површина се редат лентите сланина и кашкавал,па краставичките, а по желба и другите додатоци. Со помош на фолијата се витка ролат. Се става во тава.

3. Ролатот се прелива со врело масло, со што фаќа коричка која не дозволува да се растури самиот ролат при печењето, а потоа се полева со виното и водата. Се обликова тавата со фолија. Се печи во загреана рерна на 200 степени околу 90 мин.
При крајот се отстранува фолијата и се става кашкавалот над ролатот и се посипува со оригано. Се враќа во рерна додека запечи кашкавалот (да зарумени).
После печење се посипува со сецкан магдонос. Се остава убаво да излади и се сечат парчиња.

* Да напоменам дека од наведените зачини  се додава по потреба. Можи зачинот за мелено месо да се замени и со малку лебче, натопено во млеко и добро исцедено. Во состојките можи да се додади варен грашок, варен сецкан морков, како и 4-5 тврдо варени јајца. Грашокот и морковот не ги практикувам, бидејќи при сечењето ми прават проблем, лесно паѓаат од парчето ролат.

*Можи да се послужи во гарнир со пире од компири или помфрит или пак со вариво од компир, грашок, пченка, морков, потпржени на путер и зачинети по желба.