Испечати

Залиен компир со мисиркино

Залиен компир со мисиркино

Состојки

  • 1кг бел компир
  • 1кг мисиркини копани
  • 300мл кисело млеко
  • 150мл зајтин
  • 2лажици зачин
  • 3лажици сув босилек
  • 1лажица рузмарин
  • 1/2лажица буковец
  • 1лажичка зрн бибер

Подготовка

Месото се става да се вари и одкако ќе се свари,се одстранува кожата и се двои на парчиња.
Компирот се лупи и се сече на коцки па се става да зоврие и се вари околу 10 минути.Се цеди и се става во сад за печење.
Киселото млеко се разматува со вилушка,се додава зејтинот,зачинот ,босилекот и рузмаринот.Смесата убаво се меша па се додава црниот бибер и буковецот.
Со смесата од кисело млеко и зачини се прелива компирот и убаво се меша да се впијат зачините.Месото се реди низ компирот и се затвара со алуминиумска фолија па се пече околу30 минути на 200 степени.
Ако имате свежи зачини користете свежи,кај мене се комбинирани.
Компирот е мек,сочен и вкусен-се разбира за оние кои сакаат зачини .