Брзи зачинети ќофтиња
Состојки
- 500гр мелено месо
- 80гр лебни трошки
- 1 јајце
- 1 кромид
- 20 ливчиња од босилок
- 2гр чили
- 0,5дл вода
- 25гр затар
- 25гр сусам
- 0,2дл маслиново масло
- 5гр зачин
- 1дл масло за јадење
- 2гр црн бибер
Подготовка
Меленото месо се става во длабок сад, се додава јајцето, лебните трошки, ситно исецканиот кромид, ливчињата од босилок, чилито, зачинот, сусамот, водата, маслиновото масло, затарот и сето тоа се меша додека да се изедначи смесата и со раце се формира смесата во форма на топчиња.
На претходно загреано масло се ставаат топчињата и се пржат додека да ја променат бојата, некаде околу 6-7 минути. Потоа се вадат и се ставаат во сад обложен со хартија за да се исцедат од вишокот на масло. Потоа се сервираат, може самостојно може да се припготви некаков сос и слично.