Испечати

Колбаси во пиво

Колбаси во пиво

Состојки

  • 4 пара домашни колбаси
  • 2 главици кромид
  • 1 морков
  • 2 листови ловор
  • 1 лимон
  • 200мл пиво
  • 200мл зејтин
  • 1 лажица зачин
  • 1/2 лажица шеќер

Подготовка

Колбасите се ставаат во тава убаво да се испржат. Пред пржењето се засекуваат 3-4 пати по должина за да истече вишокот маснотија. Одкако убаво ќе се испржат се ваѓаат од тавата и во зејтинот каде што се пржеа колбасите се додава кромидот исечен на поголеми резанки. Се пржи кромидот додека се зацрвени, па му се додава и шеќерот. Се запржува кратко и се зачинува, а потоа се налева пивото. Во тавата се враќаат колбасите и се динстаат по 3 минути од една и 3 минути од другата страна.
На крај се цеди сокот од лимон, се протресува тавата, се покрива и се трга на страна да здивне. Колбасите се служат топли со прилог од компир, салата, грашок...
За овој начин најубаво е да се користат домашни колбаси и вкусот е кисело-горчлив а кромидот е убава подлога и служи како сос кон колбасите.