Испечати

Ензим од одпад (средство за чистење)

Ензим од одпад (средство за чистење)

Состојки

  • 1 пластичен сад од 5 литара (канистер од вода)
  • 1 чаша од 500 мл.
  • 1 чаша кафен шеќер

Подготовка

Верувам дека и друг некој го прочитал ова по интернет. Јас оваа корисна информација ја добив од пријателката Вера која ја сака природата, голема подршка е за екологистите,  нешто за мене е и потврда кога видов што таа постави.
Го направив и сега чекам 3 месеца да поминат и да видам што тоа се направи и дали ќе даде резултат. Три месеца е долг период за да имам повратна информација од тоа што го направив, затоа се одлучив да напишам и јас овде и вие со мене чекате 3 (три) месеца.
Значи, се работи за секојдневниот одпад од овошјето и зеленчукот, а сега лимон и портокал има најмногу, банани, па можеби и ќе мириса добро. Ова средство за чистење (доколку успее) се користи раставарајки го со 1 мл. во 1 л. вода.

Значи вака
Одпадокот од агрумите и зеленчлукот соберете ги, наполнете је чашата од 500 мл. која ќе ви послужи како мерка, ставете во канистерот 3 (три) полни чаши со одпадок, 1 (една) чаша кафен шеќер и 10-десет чаши вода. Затворете и оставете, ќе чекаме три месеца.
Имате обврска првиот месец да секој ден го отварате затварачот на канистерот за да излезе гасот кој веќе се создава внатре, пак да затворите.
Понатаму ќе следиме и ќе очекуваме резултат.