Овошен печен чај
Состојки
- 2 кгр. мешавина од разно овошје
- 1 кгр. шеќер
- 200 мл. рум
- на вкус цимет, каранфилче, анис
Подготовка
Вака спреманата мешавина од овошките многу подсетува на коктелот кој го правиме со рум додавајки разни врсти на овоштие...
Може да се приготви и од замрзнато овошје.
1. Насецкајте го овошјето кое го имате, измешајте со шеќерот, ставете во рерна предходно загреана на 180 тепени и печете (карамелизирајте) го. Овој процес е околу 1 час.
2. Пред да биде готово, додадете ги зачинките - измешајте и вратете повторно во рерната.
3. Испечено овошјето извадете го од рерната, залијте со румот - добро разбркајте и соберете веднаш во тегли. Затворете, завиткајте во крпа, оставете да се капачките вакумираат или пак постапете на начин на кој што вие го правитге тоа за да се капачките затворат.
4. 1-2 лажици од вака спреманото овошје залијте со 200 -250 мл. врела вода, разбкајте - уживајте во чајот - за да на крај дното од чашата ви стане нај интересен... овде е веќа овошјето кое ќе е круната на чајот.
Совет
- Шеќерот слободно можете да го намалите - зависи од овошјето кое што сте го ставиле, особено ако има модра слива, шеќерот намалете го до 800 гр.
- Јас го спремав од излупени круши и јаболка, додадов малини, малку плод од боздел, модри сливи, половина лупени портокал и лимон, а останатата половина нелупени и исецкани заедно со кората, додадов и мандарини. Шеќер ставив 700 гр. затоа што повеќе ставив модри (подобар е чајот ако сливите се во помала количина).
- Вториот пат кога го правев додадов повеке малини, рибизли, капини, малку сливи, лимон, портокал, јаболка, круша, малку банана, исто така добро и ставив околу 800 гр. шеќер, но сепак тоа е инвидидуално - кој колку сака да му е благо.