Испечати

Пуслици со кора од портокал

Пуслици со кора од портокал

Состојки

  • 2 белки
  • 2 чаши шеќер
  • 1 лажиче оцет
  • малку портокалова прехрамбена боја
  • кора од половина портокал

Подготовка

Пуслици...Ми останаа две белки, па решив да ги направам.

Ги ставаме белките, шеќерот и оцетот во сад и почнуваме да матиме со вилушка. И така матиме, матиме...со кружни движења, некои десетина минути. Добро е ако имате некој дома да ве смени, во матењето, зошто почнува да боли рака...хахахаха.
Матењето завршува кога смесата станува густа за да може од неа да се формираат, со лажичка, малечки ритчиња.
Ги додаваме ситно рендната кора од портокал и бојата. Ги формираме на хартија за печење. Ги печеме на 150 степени.

Инаку баба ми отсекогаш вака ги матела, со вилушка, па и јас така, по ,,старински,, начин.