Похувана ролована обланда со мелено месо и ориз
Состојки
- 550гр. мелено месо
- 100гр. ориз
- 1/2 главица кромид
- 1 помала сува пиперка
- 1 лажица сецкан магдонос
- по вкус сецкана свежа жалфија
- по потреба мешан сув зачин, црн бибер
- Други состојки
- 2 јајца
- по потреба презла
- 1 лист обланда
Подготовка
Во тава на оган ставете масло да се загрее и додајте го сецканиот кромид. Откако ќе омекне додајте го меленото месо и сецканата сува пиперка.
Зачинете со мешан сув зачин, црн бибер и сецкана жалфија.
Пржете го месото додека убаво ја промени бојата.
Тргнете ја тавата од оган, додајте го сецканиот магдонос и измешајте.
Оризот сварете го во солена вода и додајте го во месото.
Убаво измешајте ја смесата.
Листот обланда ставете го во влажна крпа да омекне, а потоа одозгора нанесете го филот од мелено месо и ориз.
Свиткајте ја обландата во ролат, замотајте ја во најлонска фолија и ставете ја во замрзнувач.
Пред да ја пржете оставете ја малку на собна температура и исечете ја на парчиња.
Секое парче свалкајте го во разматено јајце, а потоа во презла.
Пржете ги во загреано масло додека убаво поруменат од двете страни.
Извадете ги на кујнска хартија да се исцеди вишокот мрснотија и послужете.