Овошна фантазија
Состојки
- Тесто
- 200 гр. маргарин
- 200 гр. шеќер
- 3 јајца
- 1 пециво
- 1 ванилин шеќер
- 350 гр. брашно
- Крем/фил
- 1 литар вода
- 300 гр. шеќер
- 3 ванилин шеќер
- 5-6 лажици густин
- 5 јаболка
- половина лажиче цимет
- 1 дуња
Подготовка
Со овај колач ќе го задоволите вкусот дури и на пребирливите, барем мене тоа ми успеа.
Јас го направив со јаболка, искористив 5 јаболка и една дуња. Можете да ставите овошје какво сакате и колку сакате, важно треба да биде во количина да го прекрие колачот. Ми се чини околу 1 килограм би требало да биде доволен од било кое овошје, плус некој грам повеќе.
1. Најнапред 200 грама маргарин убаво се бие со 200 грама шеќер.
2. Потоа се додаваат трите јајца, ванилиниот шеќер, брашното и пецивото. Се пече во тавче 30 или 32 на 150 степени околу 20-тина минути, ако ви е подобра рерната може и 15. Тестото треба да добие златна боја, а најсигурно е да го боцнете со чепкалка.
3. Во меѓувреме 1 литар вода се става заедно со 300 грама шеќер на оган и му се додава овошјето исецкано на не многу крупни парчиња, но не и многу ситни.
4. Се додаваат 3 ванили, циметот и се остава овошјето да се обари и да омекне. Не оставајте премногу да изврие водата, само што ќе омекне овошјето, извадете го со лажица решетка и ставете го врз пандишпанот.
5. Во водата се ставаат 5-6 лажици густин и се прави пудинг, кој потоа се полива врз овошјето.
Може да користите какво било овошје, но најубаво колачот излегува со јаболка, праски, јагоди, дуњи и круши. Бон апетит!