Бисквитите на Марко
Состојки
- тесто
- 600г брашно
- 250 г маргарин
- 2 јајца
- 1 прашок за пециво
- 200г шеќер
- глазура
- 1 белка
- 200г шеќер во прав
Подготовка
Се израдував кога ми стигнаа калапите на Делимано, ама посреќен од мој син немаше. Затоа моравме одма да ги испробаме.
Овој стар рецепт ми го даде моја мама, таа со ова тесто ги прави бисквитите кои се прават на машина за мелење месо со посебен додаток, но јас го искористив за испробување на Делимано калапчињата
- Од сите состојките замесуваме тесто и со калапите вадиме различни форми, печеме во загреана рерна на 180 степени околу 10 мин
- Од горе украсуваме со глазура од белката која сме ја изматиле со прав шеќер, глазурата се стврднува и бисквитите се редат еден врз друг без проблем