Солен посен колач
Состојки
- 500гр брашно
- 20гр свеж квасец
- 200мл вода
- 100мл зејтин
- 15 маслинки
- 2 варени моркови
- 250гр обарен спанаќ
- 3лажици семки од сончоглед
- 200гр маргарин
Подготовка
Се замесува тесто со стасаниот квасец и зејтинот и се остава да одмори околу 40 минути. Одкако ќе стаса се дели на 3 дела и од сите 3 дела се сукаат кори.
1 кора се премачкува со маргарин, на неа се редат маслинките исечени на кругови-парчиња и 1 лажица семки од сончоглед.
2 кора се сука, се мачка со маргарин, се реди со морковот и се рола.
3 кора се сука, мачка со маргарин, се реди со спанаќот и семки од сусам.
Сите три кори се ролаат посебно, а потоа се свиткуваат во плетенка и се ставаат да се печат.
Од оваа доза излегуваат 2 куглофи, но јас печам еден куглоф и еден долг правоаголен калап.
Доста е декоративен и вкусен.
Одкако ќе стаса се премачкува со маргарин, се посипува со семки и се пече околу 30 минути на 180 степени.