Испечати

Шарена салата со пченка

Шарена салата со пченка

Состојки

  • 1 голема црвена пиперка
  • 2 млади кромидчиња
  • 3 црвени домати
  • 10 зелени маслинки без семка
  • 150гр. пченка од конзерва
  • 4 лажици полномасен густ јогурт
  • 1-2 лажици сок од лимон
  • сол, бибер
  • прстофат мелен кумин

Подготовка

Брза, лесна и многу вкусна салата. Мој предлог е како лесна вечера со додаток на тостиран леб. Секако може да ја послужите и како салата кон главно јадење по ваш избор.
Подготовка
Пиперката исчисете ја од семките и белите жилички, отстранете ја рачката и исечкајте ја на коцки. Кромитчињата и маслинките исечете ги на кругови (прстени) а доматите на кришки.
Ставете се во еден длабок сад, додадете ја пченката и промешајте.
На страна во друг сад, ставете го јогуртот, сокот од лимон, посолете и побиберете па додадете го и куминот. Убаво измешајте го сосот со жица за матење па налејте го врз зеленчукот.
Промешајте и оставете малку да отстои колку да се спојат состојките.
Добар апетит!