Едноставни и брзи крокети од мелено месо
Состојки
- 1 кг мешано мелено месо
- 10 јајца
- 3-4 главици сецкан кромид
- 10 лаж брашно
- 10 лаж масло
- пола лаж вода
- 1 пециво
- една китка магданос
Подготовка
Рецептот е од старата тетратка на мајка ми, а редовно се прават овие крокети на сите наши слави, имендени итн.
Се мешаат сите состојки и смесата се остава да отстои во фрижидер 24 часа.
Со лажица се вадат крокети и се пржат во врели масло, се вадат и се редат на хартиени салфетки да се впие вишокот масло.
На здравје!