Непечен кремаст колач
Состојки
- 350 гр пишкоти
- За натопување пишкотите
- 300 мл сварено цедено кафе
- 2 мл екстракт од рум
- Фил 1
- 300 мл слатка павлака
- 250 гр маскарпоне
- 4 лажици нутела
- 50 гр сецкана млечна чоколада или за готвење
- Фил 2
- 2 јајца
- 6 лажици шеќер
- 250 гр маскарпоне
Подготовка
Најпрво подгответе ги филовите
Фил 1
Со миксер изматете ја слатката павлака да се зацврсти и потоа додајте го маскарпонето. Кратко изматете да се изедначат.
Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте ја нутелата и изматете да се изедначат а во другиот секаната чоколада и измешајте.
Фил 2
Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот во кремаста смеса. Додајте го маскарпонето и со жица измешајте да се изедначат.
Калап 30х11 обложете го со алуминиумска или најлонска фолија.
Пишкотите по малку натопете ги во кафето измешано со румот и наредете ги по страните и дното на калапот. Во средината прво ставете го филот 1 со нутела, потоа филот со сецкана чоколада и на крај филот 2. Над филот наредете повторно пишкоти.
Колачот оставете го во фрижидер неколку саати да се стегне и потоа превртете го на подлога за торта, сечите парчина и послужете го.