Непечени коцки со крем од тиква
Состојки
- 400-450 гр. правоаголни бисквити+100 мл. сок од портокал
- Крем
- 1 кг. пире од тиква
- 250-300 гр. шеќер
- 10 гр. желатин
- 1/3 лажичка цимет+ други зачини по желба за арома
- Глазура
- 100 гр. чоколада за готвење
Подготовка
Желатинот растворете го во ладната вода, измешајте го и оставете го 10 мин. да набубри. Потоа стоплете го на тивок оган или на сад на преа да стане течна маса. Тргнете го од оган.
Шеќерот додадете го во пирето од тиква и мешајте со жица или миксер да се растопи. Потоа пополека додавајте го желатинот и миксирајте со голема брзина околу 10 мин. Смесата нема многу да се зацврсти.
На плех со димензии 30х20 см. редете бисквитите натопени во сок од портокал. Сипете 1/2 од кремот, повторно нарете бисквити, останатиот крем и останатите бисквите. Одозгора прелејте со чоколада и оставете ги да преноќат во фрижидер. Утредента сечете коцки и послужете ги .
Може да се направи и како десерт во чаша, со кршени бисквити, на крајот место чоколада со шлаг. =)