Испечати

Баклава со лешници

Баклава со лешници

Состојки

  • 500гр. кори за баклава
  • 200гр. печени мелени лешници
  • 2 лажици шеќер
  • За преливање
  • 125мл. зејтин
  • 125гр. путер/маргарин (или вкупно 250мл. зејтин)
  • Шербет
  • 600гр. шеќер
  • 300мл. вода
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • по вкус сок од 1/2 лимон + неколку парчиња лимон

Подготовка

Најубавата баклава од нотесот на мајка ми, за прв пат во моја изведба.

1. Плехот во кој ја редев има димензии колку половина кора, па така корите ги пресеков на половина па редев. Малку намрсете го плехот и наредете 4 кори една врз друга. Во мелените лешници ставете ги двете лажици шеќер и убаво промешајте, а потоа врз секоја наредна кора ставајте од лешниците се додека не се потрошат. За од горе оставете 4 кори (т.е 2 пресечени на половина).
Пресечете ја баклавата по желба.
2. Растопете го маргаринот додека убаво не се загрее, а потоа додадете го и зејтинот, прелијте ја цела баклава. Ставете да се пече во загреана рерна на 180С околу 40-45мин. Обавезно покријте со алу фолија за да не изгорат горните кори. На 1-2 мин. пред крај тргнете ја фолијата за да добие убава боја.
3. Водата и двата вида шеќер ставете ги во сад на оган и мешајте додека не се растопи шеќерот и не зоврие. Оставете на тивко да врие 10 мин. Пред крај додадете ги парчињата лимон и сокот (ако сакате).
Се прелива топло со топло, ја вадите баклавата од рерна, исклучувате шербетот и веднаш преливате. Оставете на страна да се лади и да го впие шербетот.

Добар апетит =)

*доколку користите путер, пред да ја прелиете баклавата оставете на кратко за да се исталожи па прелијте, но внимавајте да не го истурите и талогот затоа што ќе горчи.