Полнети чоколадни равиоли
Состојки
- Тесто
- 250гр. брашно
- 50гр. шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- рендана кора од 1 портокал
- прстофат сол
- 1 1/2 лажица маслиново масло
- 2 лажици чоколадо во прав + 120мл. вода
- Фил
- 4 суви смокви
- 4 урми
- 2 лажици суво грозје
- 3 лажици сечкани бадеми
- сок од 1/2 портокал
- Овошен сос
- 100гр. мешано замрзнато овошје
- 100мл. вода + 30мл.
- 1 лажица шеќер
- 1/2 лажица густин
Подготовка
1. Сите состојки за тестото савете ги во длабок сад и постепено додавајќи ја водата замесете тврдо тесто. Убаво изработете го па вратете го во садот, покријте со фолија и оставете на страна.
2. За филот, исечкајте го ситно сувото овошје, додадете ги бадемите и измешајте убаво со сокот од портокал.
3. За овошниот сос, ставете го овошјето, водата (100мл.) и шеќерот во едно тенџере да се вари на средна температура. Откако ќе зоврие, варете 5 минути со непрестано мешање. Во 30мл. вода растворете го густинот, додадете го во овошјето и продолжете кратко со варење додека да се згусне сосот (при тоа непрестано мешајте го сосот).
4. Работната површина набрашнете ја убаво и тестото развлечете го во што потенка кора. Најдобро е ако имате машинка за тестенини па низ неа да го поминете тестото. Вадете кругови со чаша (пречник 6см.). Рабовите од секој од нив премачкајте ги со вода, полнете со по половина лажиче од филот и затворете ги убаво. Пржете во врел зејтин на средна температура околу 1 минута. Ставете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот зејтин.
5. Наросете ги со шеќер во прав и послужете ги топли со овошниот сос.