Чоко оранж мафини
Состојки
- 250 гр. брашно
- 2 лажички пециво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка сол
- 150 гр. шеќер
- 5 лажици какао
- 1 јајце
- 240 мл. млеко
- 1 ванила
- 100 гр. крупно сецкано чоколадо или чоколадни капки
- 85 гр. маргарин
- 1 лажица сок од портокал
- 1 лажица рендана кора од портокал
Подготовка
Постапка
- Во еден сад измешајте ги брашното, содата, пецивото, солта, кората од портокалот и какаото.
- Во друг сад измешајте ги млекото, шеќерот, ванилата, сокот од портокалот, наренданиот маргарин и јајцето.
- Целото тоа со жица (нема потреба од миксер) изработете ги колку да се спојат, додадете брашното и измешајте. На крај ставете го сецканото чоколадо.
- Полнети ги модлите во висина до 2/3, ствете и по едно парче од излупениот портокал, ствете да се печат 15-20 мин. во предходно загреана рерна до 200 степени.
- Украсете по сопсвена желба крем, ганаш.. .. како сакате,