Испечати

Сечуан со свинско месо

Сечуан со свинско месо

Состојки

  • 400 гр. свиснко месо
  • 200 гр. црвена, жолта, зелена пиперка
  • 200 гр. морков
  • по 100 гр. зелка, брокула, тиквичка, праз...
  • спрема потребата зејтин,
  • на вкус сол, бибер, неколку чешниња пресован или ситно сецкан лук
  • Сос
  • 150 мл. соја сос
  • по1/2 лажичка оризов или алкохолен оцет, рендан ѓумбир или во прав,
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка скробно брашно

Подготовка

Сечуанот можете да го спремате и со пилешко месо.
 
- Пиперките, тиквичката, морковот, празот и зелката исечете ги на ситни ленти.
- Месото исечето го исто така на ленти
- Во ВОК тава или друга тава, добро загрејте го зејтинот и пржете ги секој посебно - ал денте- да останат крцкави. Кога се е веќе испржено, вратете во тавата, измешајте и додадете го сосот.

Сосот
- Во сад измешајте ги сите состојки за сосот и додадете кон веќе испрженото месо со останатите состојки, измешајте.
Послужете како прилог.
Кај нас денеска беше прилог кон оризот.