Испечати

Чоколадна торта во слоеви

Чоколадна торта во слоеви

Состојки

  • За кори
  • 7 јајца
  • 60гр. брашно
  • 80гр. шеќер
  • За кремот
  • 3 јајца
  • 200гр. искршено чоколадо
  • 150гр путер
  • 1 кора од протокал
  • За декорација
  • 1 портокал
  • 50гр. чоколадо
  • 10 шеќерни топчиња

Подготовка

Подготовка на корите
Изматете ги жолчките со јајцата, а оделно изматете ги белките. На жолчките додајте го брашното, измешајте го, па додадете го и снегот со белки. Намастете 6 калапи од 18цм (доколку немате може да ги замените со алуминиумски) и меѓу нив поделете ја смесата. Во секој калап треба да има смеса со дебелина од 4мм. Печете ги во рерна на 200 степени од 7 до 8 минути.

Подготовка на кремот
Изматете 3 јајца во огноотпорен сад и додајте го шеќерот. Садот ставете го во поголем сад со вода и варете го 4 до 5 минути со постојано мешање. Додајте го чоколадото, путерот и изренданата кора од портокал, извадете го помалиот сад од поголемиот и продолжете да ја мешате смесата додека не се растопат путерот и чоколадото и додека не се излади кремот. Изладениот крем ставете го во фрижидер нека остои околу 2 часа.
Потоа премачкајте ги 6 дискови од тестото со по една лажица крем. Преостанатиот крем полијте го врз тортата која претходно сме ја ставиле на жица. Декорирајте ја тортата срцињата од портокал и чоколадни форми кои претходно сте ги направиле од растопено чоколадо во калпчиња или на хартија за печење. На крај додајте ги и шеќерните топчиња и ставете ја тортата во фрижидер . Извадете ја пред послужувањето.