Посни солени бомбици
Состојки
- 500гр варен компир
- 200гр растителен кашкавал
- 200гр посен мајонез
- 1лажица сол
- 1китка магдонос
- 50гр ленено семе
- 50гр лупен сончоглед
- 200гр кашкавал растителен
Подготовка
Компирот се вари и се ренда на покрупната страна од рендето. Кашкавалот исто се ренда на покрупно. Убаво е да се стави и растително сирење ако можете да најдете. Се мешаат компирот и кашкавалот, се додава сол и мајонез и се замесува убава компактна смеса. Од смесата се зема по една рамна лажица и се формираат бомбички.
Магдоносот се чисти и се сецка на ситно и еден дел од бомбиците се валаат во магдонос.
Лененото семе и сончогледот се пржат околу 5 минути на суво тавче и служат за валкање на вториот дел од бомбиците.
Кашкавалот се ренда на ситно и со него се декорира последната третина од бомбиците.
Вкусни, декоративни и економични.