Испечати

Делимано ролован омлет

Делимано ролован омлет

Состојки

  • 3 јајца
  • 50 мл. млеко
  • по 30 гр. ситно сецкан морков, млад кромид
  • на вкус сол и мелен или толчен црн бибер

Подготовка

Да не е обичен омлет

1. Добро сматете ги јајцата со жица - преку цедалка прецедете ги во друг сад. Во вака прецедените јајца додадете млекото, сол, бибер и ситно сецканите моркови и млад кромид. Измешајте.
2. Со зејтин само лесно премачкајте ја Делимано тавата за пржење, ставете на оган да се загрее.
3. Во загреаната тава ставете дел од јајчената смеса и пржете (печете како палачинките што ги печеме) но само од една страна- не се превртува, со шпатула лесно подигнете од едниот крај и почнете да го мотате добиениот омлет во ролат со помош на шпатулата, но не до крај. Повлечете го малку ролатот кон крајот на тавката. Во ослободениот празен дел од тавата долијте пак од смесата и повторно печете, кога е испечен се продолжува со мотањето, пак се налива и се така додека ја потрошите јајчената смеса.
Извадете од тавката и уживајте, убаво се сече, декоративен и вкусен...

Напомена
- Не можев подобро да опишам текстуално начинот на печењето и мотањето, погледнете ги сликите.
- Ако поситно го исечев морковот (а не сакав да го рендам) ќе беше беспрекорен..
- Можете да ставите и вие што сакате, сувомеснато, магданос.. и се што сакате да имате во омлетот - но вака ролован.
-Најбитното овде за мене беше тавата. Правев во Делимано тавата за пржење, само еднаш ја лесно со четка премачкав и толку, немаше потреба понатаму да се мачка со зејтин, одлично се печеше омлетот, не се залепуваше, затоа и лесно се замотуваше. Доколку ја немате оваа тавка, овој омлет мора да се работи во тава со нелепливо дно. Мој совет ви е да си купите Делиманото....