Маринирана пржена пастрмка со рузмарин
Состојки
- 1кг свежа пастрмка
- 3 лажици рузмарин
- 2 лимони
- 1 финџал зејтин
- 2 лажици сол
- 2 лажици зачин
- 150 гр брашно
Подготовка
Рибата се чисти и убаво се мие. Се остава да се одцеди, а потоа се брише со салфетка или со хартија се впива влажноста да биде сува.
Лимоните се цедат и се мешаат со зејтинот. Со четка убаво се насолува рибата. Во 1кг обично одат 4 риби така да 1/2 лажица сол и 1/2 лажица зачин се доволни за едно парче.
Убаво со раце се трие солта и зачинот подеднакво одвнатре и однадвор. Се остава рибата така 2 часа да прими од солта, а потоа се залева со зејтинот и лимонот. Се поросува и рузмаринот и се покрива со фолија.
Одкако ќе одседи уште 2 часа се валка во брашно и се пржи на загреан зејтин. Јас ја пржев во електричната тава и за кратко време беше готова.
Пастрмка кога се пече или пржи се врти само по еднаш.Значи убаво да се испржи од една страна(околу 4-5 минути) па од другата и готово е.
Сочна,мека и вкусна па уживајте.