Млечно лепче со пармезан
Состојки
- 300гр. брашно
- 1 пециво
- 1 неполна лажичка сол
- 50гр. пармезан (плус за посипување)
- 50гр. омекнат путер
- 100мл. млеко
- 2 јајца
Подготовка
Во длабок сад ставете го брашното, пецивото, солта и пармезанот.
Измешајте ги состојките.
Во друг сад изматете ги јајцата, па потоа додајте ги стопленото млеко и омекнатиот путер.
Убаво измшајте и додајте ја оваа течна смеса во садот со брашното.
Убаво замесете го тестото, а потоа префрлете ја смесата во сад за печење обложен со хартија.
Со раце оформете ја смесата во вид на лебче.
Засечете на 8 делови, премачкајте со млеко и посолете пармезан.
Печете на 190 степени, околу 20 минути.
Откако ќе се испече оставете малку да се подолади и послужете го со јогурт, сирење, сувомеснато...