Испечати

Оранжина

Оранжина

Состојки

  • Кора (Ова се мерки за 1 кора, а треба 4 вакви )
  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици мелени ореви
  • 1 лажица брашно
  • 1/4 кесичка прашок за пециво
  • Фил 1
  • 1 портокал (заледен и изрендан)
  • 8 лажици шеќер
  • 100мл сок од портокал
  • 250 г мељени ореви
  • 100гр чоколадо
  • 12 жолчки
  • 250 г шеќер
  • 3 пудинга од чоколадо
  • 1 лажица густин
  • 1л млеко
  • 250 г маргарин
  • 250 мл сок од портокал за натопување на корите
  • глазура од чоколадо
  • 200г чоколадо
  • 160 г маргарин

Подготовка

Подготовката на корите
- ги матиме белките во цврст снег, додаваме шеќер, ореви, брашно во кое сме измешале прашок за пециво
- смесата ја ставаме во округол плех бр. 26 и печеме во загреана рерна на 180 степени, печеме 4 кори
- изладените кори пред филувањето ги натопуваме со сок од портокал

Подготовка на фил1
- портокал заледен и изрендан ставаме во тенџере, додаваме сок од портокал и шеќер и вариме 10 мин, додаваме чоколадо и оставаме да се излади. Во изладено додаваме мелени ореви

Подготовка на фил2
- ги мешаме жолчките, пудингот и густинот во 200 мл млек кое го оделивме од 1 млеко
- 800 мл млеко ставаме на шпорет додаваме шеќерот
- кога млекото ќе зоврие додаваме жолчките, пудингот и густинот и мешаме додека за згусне
- оставме да се излади (мешаме да не фати корица од горе)
- во изладено додаваме омекнат маргарин или путер

Филување
кора(натопена со сок)-фил1-фил2-кора-фил1-фил2 .....

Од горе украсуваме со чоколадна глазура, растопуваме чоколадо и маргарин и поливаме од горе.
Украсуваме со кришките портокали