Испечати

Видео рецепт: Пржен бурек со месо

Видео рецепт: Пржен бурек со месо

Денес ќе готвиме заедно со Алекса, готвач член на нашата веб-страница. Алекса ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Пржен бурек со месо.

Овој бурек се подготвува многу брзо и едноставно, а по вкус не заостанува зад бурекот од бурекчилница. Можеби очекувате да го печеме во рерна, но ова е бурек пржен на рингла!

Состојки

  • 250 грама готови кори
  • малку масло

За ФИЛ ќе ви треба:

  • 250 грама мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн бибер

За ПРЕМАЧКУВАЊЕ ќе ви треба:

  • 1 јајце
  • 50 мл. масло
  • 5 лажици млеко

Вид на оброк: Појадок
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Делимано Тави за пржење од 20см. и 24см.

Подготовка

Чекор 1: Најпрво го подготвуваме филот. Исечкајте го ситно кромидот и ставете го да се пржи во тавата со малку масло, на средна температура. Кога ќе зарумени, додадете го месото и зачините. Оставете да се пржи додека не испари течноста која ќе ја пушти месото.

Чекор 2: За премачкување на корите, изматете го јајцето и додајте ги маслото и млекото. Тавата за пржење од 24 см. премачкајте ја со масло. Бурекот ќе го редиме директно во тавата.

Прво ставете две кори кои ќе ја покриваат тавата, но и да излегуваат половина надвор од тавата. Со деловите кои излегуваат на крај ќе го затвориме бурекот. Премачкајте ги корите, а потоа ставете ја следната кора набрана, премачкајте ја и ставете дел од филот. Повторете ја оваа постапка со сите наредни кори.

Последната кора само ја премачкуваме, не ставаме фил.

Бурекот затворете го со корите кои излегуваа од тавата и премачкајте го.

Чекор 3: Пржете го бурекот на средно ниска температура, по 7-10 минути од секоја страна, или додека не зарумени.

Чекор 4: Кога е готов, извадете го од тавата, оставете го да се излади 2-3 минути. Сервирајте по една четвртина во чинија, заедно со чаша јогурт, се разбира!

СОВЕТ: Кога ќе видите колку е навистина лесен за правење овој бурек , а истовремено и многу вкусен, веруваме дека ќе го подготвувате често за појадок за вашето семејство. Ние го подготвивме со месо, но вие може да ставите полнење од сирење, спанаќ и сирење, или да направите Пица бурек!