Испечати

Посни славски сармички

Посни славски сармички

Состојки

  • 1кг ориз
  • 1кг кромид
  • 1 страк праз
  • 500мл зејтин
  • 6-8 листови ловор
  • 1 пакетче мелен црн бибер
  • 2 лажици зачин
  • 1 лажица суво нане
  • 2 лажици буковец-црвен пипер
  • 150мл зејтин
  • 2 лажици црвен пипер
  • 1 лажица брашно

Подготовка

Кромидот и празот се сецкаат поситно и се пржат на 500мл зејтин. Се пржат на потивко додека убаво омекнат, а потоа се додава оризот. Се пржи и оризот се додека не стане стаклест или додека почне да прска-да пуцкета. Се додава зачинот, биберот, црвениот пипер и нането и убаво се меша да се спојат зачините.
Додека се лади филот купусот се двои и се кројат помали листови. Во секој лист се става малечка лажица од филот и се свиткува сармичка. Одкако ќе се нареди првиот ред, се ставаат 3-4 листови ловор и редот се залева со зејтин. Се витка и вториот ред и тој се залева со зејтин, ловор и се насипува со вода.
Сармата се вари на потивко 3-4 часа, а пред крај се полева со запршката. Одкако ќе се полие со запршка се доварува околу 10 минути и се исклучува.
Ова е поголема доза,к ако за слава затоа и го ставив рецептот.
Кога се вари славска сарма исто така не се виткаат-редат повеќе од два реда за да може сармата убаво да се свари.
Од истата смеса јас свиткав и сармички со лозов лист само без нане. Сармата ја сварив во гурметот со што се избегна она стандардно закипување.