Крем штрудла
Состојки
- 500 гр. кори за пита
- Фил 1
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 1 чаша од 200 мл. зејтин
- 1/2 чаша гриз
- 1 чаша јогурт
- 1 пециво
- Фил 2
- 1 л. млеко
- 9 лажици шеќер
- 3 пудинга од ванила
Подготовка
Вкусна и топла и ладна. Подсетува на популарната крем пита
1. Најпрвин пригответе го филот 2
Сварете го пудингот на вообичаен начин, тргнете настрана, повремено промешувајте да не фати кора.
2. Филот 1 - Со миксер изматете ги белките со шеќерот, додадете ги жолчките, сматете да се добие хомогена смеса, додадете зејтинот, гризот, пецивото и јогуртот. Измешајте.
- Пребројте ги корите и поделете ги на 4-четири дела.
Ставете една кора - премачкајте со филот 1 со по три - четири лажици, така сите три кори, а на четвртата ставете од до млако оладен пудинг (фил 2)и замотајте во ролат. Ставете во подмачкано со зејтин плекче. Така постапете и со останатите делови од корите. Ќе добиете четири штрудли.
- Ќе ви остане од филот 1 - премачкајте ги сега штрудлите, а ако случајно не ви останало, само ги премачкајте со зејтин.
- Ставете во предходно загреана рерна на 180 степени и нека се печи 15-20 мин.
- Почекајте да се оладат- наросете ги со шеќер во прав.