Карфиол чорба со млеко
Состојки
- 1 карфиол
- 3 моркова
- 1 помала главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 средно по големина компир
- 1 лимон
- 1 јајце
- 20 мл. млеко
- 200 мл. кисела павлака
- зачини мелен црн пипер, 2-3 лажици сецкан магданос, ловор - сушен зеленчук
- 4 пилешки крилца
Подготовка
Подготовка
- Ставете ги крилцата да провријат - извадете ги од водата.
- Во касеролата ставете на малку зејтин нека се пржи ситно сецканиот кромид, додадете го тенко исечениот морков, пропржете заедно, додадете ги сега крилцата, кратко заедно да пропржат - подлијте со вода (ако сакате во таа што се вареле) додадете го млекото и ловоровиот лист, стиснатиот преку преса лук или ситно насецкан, додадете го компирот на мали коцки исечен и карфиолот и се заедно варете. Кога е карфиолот сварен, додадете ги зачинките. Тргнете ја чорбата од огнот.
- Исцедете лимон во чинивче, додадете го јајцето и изматете ги со вилушка, додадете и половина од киселата павлака, внимателно додавајте од чорбата во чинивчето, потоа целата добиена смеса вратете назад во чорбата за цело време бркајки ја. Пред самото служење посипете со магданосот.
Послужете со остатокот од киселата павлака.
Напомена
Никогаш не ја ставам водата во која се вареа крилцата. Кој не го обожава ловорот, нека го изостави. Совршена замена за ловорот е кимот.
Оваа чорба може да биде и посна доколку нема да ставите крилца, нема да ја варите во млеко, нема да има павлака, туку едноставно ќе се спрема со вода, а се згуснува со малку светло запржено брашно.