Испечати

Поинакви кокос коцки

Поинакви кокос коцки

Состојки

  • За тесто
  • 2 средно големи портокали
  • 250 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 гр кокос
  • 6 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажица ликер од портокал
  • За филување и глазирање
  • 250 гр чоколадо за готвење со 52% какао делови
  • 250 гр слатка павлака
  • За посипување
  • по потреба чокоадни или разнобојни трошки, кокос

Подготовка

Портокалите ставете ги во поголемо количество студена вода и откако ке зоврие водата, на среден оган варете ги 15 мин. Повторете уште два пати. На крај ставете ги повторно во ладна вода во која ќе отстојат преку ноќ. Така ќе ја изгубат горчината.
Другиот ден загрејте ја рерната на 180Ц. На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
На портокалите извадете им ги коските, ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете сосема мазна смеса. Додајте ги кокосот, ванилата, ликерот и прашокот за пециво, па некоку пати измешајте со пулсна брзина. Малку разматете ги јајцата со жица, додајте ги во блендерот и пулсирајте неколку пати да се соедини, не предолго за да не се створи пена. Сипете ја смесата во плехот, па печете ја 30 - 40 мин. Проверете со чепкалка. Оставете да се излади сосем во плехот.

Во средно голем сад искршете го чоколадото на парчиња. Ставете ја сатката павлака на тивок оган да се загрее додека скоро не проврие. Прелејте преку чоколадото, оставете да отстои неколку минути, па измешајте да добиете мазен чоколаден крем.

Кората пресечете ја на две половини. Врз едната половина намачкајте сосем тенок слој чоколадо, па поклопете со другата. Нека се зацврсти чоколадото, исечете на коцки со големина по ваша желба. Секоја прелевајте ја со чоколадо од сите страни и извалкајте ги во чоколадни трошки. Ако се згусни чоколадото, кратко загрејте го и продолжете со работа.
Чувајте ги во фрижидер во затворена кутија. Коцките се многу сочни и ароматични.