Есенска торта (со дуњи и јаболка)
Состојки
- 2 дуњи
- 1 јаболка
- 10гр. путер за пржењето
- 250гр. шеќер
- 4 јајца
- 6 лажици брашно
- 3 лажици шеќер за пржењето
- 50 гр. путер
- 1 кесичка прашок за печиво
Подготовка
1. Дуњите и јаболката се сечат на коцки и се пржат на путерот и трите лажици шеќер.
2. Во друг сад за матење се додава растопениот путер и шеќерот и се мати со миксер додека смессата не стане пенеста.
3. Во садот за матење се додават и јајцата и се мати убаво како за пандишпан.
4. Откако ќе се измати во садот се додава брашното и прашокот за печиво се меша со лажица додека смесата не стане хомогена.
5. Половина од смесата се додава во тава за печење која претходно сме ја подмастиле, а врз неа се додават дуњите и јаболкота. Потоа врзнив се додава преостанатата смеса. Гледајте со смесата убаво да ги покриете дуњите и јаболката.
6. Се пече половина час на 200 степени, потоа уште малку на 150 степени и се вади од рерната. Се посипува со шеќер во прав.