Испечати

Утринска роса

Утринска роса

Состојки

  • За основата
  • 200 гр. маргарин
  • 250 гр. кисела павлака
  • 150 гр. шеќер
  • 300 гр. брашно
  • 4-5 лажици млеко
  • 3 јајца + 1 белка
  • 1 пециво
  • 2 кажици какао
  • За бомбиците
  • 200 гр. крем сирење или урда
  • 3 лажици шеќер
  • 1 жолчка
  • 6-7 лажици кокос
  • Фил
  • 350 мл. млеко
  • 1 жолчка
  • 150 гр. шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 ванила

Подготовка

Оваа Утринска роса популарна на повеке сајтови. Јас за прв пат ја видов кај Марги, потоа на еден Руски сајт, па на Украински, го има и на Чешки сајт, па зошто да не е и овде.
Постапка
1. Се прават прво бомбиците
- Крем сирењето или урдата ставете во сад, додадете шеќерот, жолчката, измешајте добро, додадете кокосовото брашно - измешајте. Треба да добиета смеса од која ќе може да формирате бомбички во големина на орев. Наредете ги во тацна и ставете во комората нека одстојат околу 30 мин.
2. За кората - матете со миксер шеќерот и маргаринот. Додадете ги јајцата и белката која ви останала, продолжете да матите. Додадете го млекото и киселата павлака, продолжете да матите. Додадете го измешаното брашно со пецивото. Измешајте. Ќе добиете погуста смеса. Поделете на два еднакви дела, во едниот додадете го какаото - измешајте.
3. Во помала модла постелена со хартија за печење исипето го прво светлиот дел од смесата за кора, израмнете, врз него ставете го кафениот дел, израмнете. Извадете ги од фрижидерот бомбичките, па наредете ги врз кафениот дел притоа малку притискајки надолу за да пропаднат малку .
Ставете да печете во предходно загреана рерна на 180 степени 45 мин.
4. За филот - изматете ја жолчката со ванилата, додајте помала количина од млекото, брашното и целото тоа разматете го за да нема грутчиња. Останатото млеко заедно со шеќерот, па кога ќе зоврие тргнете го тенџерето настрана, добиената смеса во него - вратете на оган и продолжете да варите се до згустување на кремот.
Врз оладениот колач исипете го малку оладениот крем, израменте. Почекајте да се излади кремот и наросете го со квалитетно какао.

Напомена
- Кремот се вари исто како да спремате пудинг. За кремот има две варијанти, едниот како што е погоре напишано, другиот е со мала измена. Не се става жолчка, се вари само крем од млекото, брашното, шеќерот и ванилата, се чека да олади, па потоа се додава во 100 гр. изматен маргарин, се мати да се добие компакта смеса и се филува врз колачот кој е потполно оладен.
- Сакам да кажам дека колачот има вкус на рецептите од кугловите, а мене ме подсети и на онаа нашата што си ја нарекуваме Мрсна торта само што ќе треба да се подели тестото и во едниот дел се става какао. Вие како сакате. Значи овде додатокот е само бомбиците и начинот на кој се спрема, останатото за мене е скоро исто како што кажав предходно.
- Крем сирењето не ми беше готово, ставив урда, ја правам разликата. Со крем сирењето ќе беа бомбичките малку посочни.