Испечати

Торта од кокос

Торта од кокос

Состојки

  • За тесто
  • 1 шоља (225 гр) путер на собна температура
  • 3 шољи (390 гр) сенаменско брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 шоља (235 мл) кокосово млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 шољи (400 гр) шеќер
  • 2 големи јајца, на собна температура
  • 1/2 шоља (112 гр) кисела павлака, на собна температура
  • 6 белки на собна температура
  • За крем од кокос
  • 1 лименка (400 мл) кокосово млеко
  • 3/4 шоља (150 гр) шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 2 лажици (16 гр) густин
  • 2 лажици (30 гр) путер
  • 1 шоља (90 гр) кокос
  • 1/2 шоља (120 мл) слатка павлака со 30 - 35 % м.м.
  • За снег од белки
  • 1 шоља (6 - 7) белки
  • 2 шољи (400 гр) шеќер
  • прстофат сол

Подготовка

Загрејте ја рерната на 175 Ц.
На дното на два округли калапи со пречник 22 цм ставете хартија за печење.
Во еден средно голем сад просејте го брашното со солта и прашокот за пециво.
Во голем сад за метење изматете го пенесто путерот со шеќерот и ванилата. Едно по едно додајте ги јајцата, матејки добро меѓу секое додавање.
Додајте 1/3 од брашното, добро измешајте, 1/2 од кокосовото млеко, повторно измешајте, па додајте го преостанатато брашно во два наврати помеѓу кои ќе додадете уште половина кокосово млеко. Додајте ја и киселата павлака и измешајте да се соедини.
Во голем сад со најголема брзина изматете ги белките, неколку минути да се добие средно цврста пена. Ако ги прематите, тешко ќе ги соедините со останатите состојки. Додајте во тестото 1/3 од изматените белки, измешајте малку да се отпушти, па внимателно вмешајте го преостанатиот снег од белки, внимавајќи да не го изгуби волуменот.
Поделете го тестото помеѓу двата калапи, израмнете ја горната површина и печете 25 - 30 мин. Проверете со чепкалка. Оставете сосема да се оладат во калапите на жица.

За кремот од кокос на средно силен оган во тенџерче загревајте ги кокосовото млеко со двата вида шеќер и малку сол.
Во еден мал сад измешајте ги жолчките со густинот и малку ладно кокосово млеко кое е одземено од наведената количина. Кога млекото ќе дојди скоро до вриење, дел сипете врз жолчките, непрестано мешајќи со жица. Вратете ја содржината назад во тенџерчето, па на средно силен оган варете околу 3 мин. додека не се згусти. Додајте го путерот и измешајте да се соедини. Додајте го кокосот, измешајте, пресипете во друг сад и оставете да се олади покриено со проѕирна фолија залепена за горната површина на кремот. Нека се лади во фрижидер околу 1 час.

Слатката павлака изматете ја во цврста пена, додајте 1/3 во кокос кремот, размешајте да се отпушти смесата, па внимателно мешајќи додајте ја преостанатата изматена павлака за да добиете лесна крема.
Двете теста пресечете ги на половина, па филувајте измеѓу со кремот.

За снегот од белки ставете ги во поголем сад за матење белките, шеќерот и солта, па разматете со жица да стане пенливо. Ставете го садот над друг сад во кој врие вода и на пареа мешајте додека целиот шеќер не се растопи да не чувствувате зрнца од прстите, околу 5 минути.
Тргнете го садот од пареата и матете со миксер со најголема брзина додека не се олади смесата и не стане густа и сјајна пена, околу 10 минути.
Премачкајте ја тортата со дебел слој снег од белка, оставајќи околу 1 шоља за украсување.
Откако сте ја украсиле тортата, ако сакате, снегот изгорете го со бренер за колачи за да изгледа поефектно.